Тимот од Серија Б лигата во Италија, Карпи кој успеа да избори пласман во првата лига на Италија и од следната сезона рамо до рамо ќе се бори со најголемите клубови на „Чизмата“ сериозно сака да се засили за следната сезона.
Карпи е екипа која успеа за шест години да премине четири ранга на натпреварување сака во своите редови да го доведе поранешниот италијански репрезентативец Лука Тони.
Овој 37-годишен фудбалер ја доживува својата втората младост во реедовите на Верона оваа сезона и досега успеа да постигне 18 погодоци.
Тони во својата кариера беше член на големи гиганти како што се Рома, Јувентус, Фиорентина, Баерн Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.