Малопродажните цени во монетарната унија откако четири месеци паѓаа,во април останаа непроменети, покажаа резултатите на анкетата на Блумберг меѓу економистите, па анализира „Дефлацијата во еврозоната можеби помина, уште пред да почне“.
Европската централна банка која во март почна да купува државни обврзници за да ја спречи дефлацијата, би можела во периодот што доаѓа да забележи уште знаци дека монетарната унија закрепнува. Инфлацијата во еврозоната во април беше на нулта ниво, по мартовскиот пад од 0,1 отсто, а кон забрзувањето на инфлацијата придонесоа растот на цените на храната, алкохолот и цигарите, објави Еуростат.
Стапката на невработеност во март остана на 11,3 отсто, на исто ниво како и во февруари, но е нешто пониска во однос на 11,7 отсто од март минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.