Нов земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала го потресе Непал, соопшти Геолошкиот служба на САД. Епицентарот бил на 93 километри северозападно од главниот град Катманду, на длабочина од 10 километри. Засега не се добиени извештаи за нови жртви од овој потрес.
По катастрофалниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтер на 25 април со епицентар на 82 километри северозападно од Катманду, следеше серија од потреси, од кои најсилниот со интензитет од 6,7. Според последните податоци досега се загинати 6621 лица, а повредените 14 023.
Непалските власти се откажаа од потрагата по преживеани. Се трудиме најмногу што можеме но сметаме дека веќе нема шанси за нови преживеани, соопшти министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.