На 93
годишна возраст, денеска, во Битола, почина дојаенот на битолското и македонското новинарство Димитар Димитровски Такец.
Новинарот, поет и писател познат во јавноста како Такецот, најголем дел од кариерата ја мина во Нова Македонија, Битолски весник и Радио Битола.
Неговото последно авторско дело беше посветено на битолски Широк Сокак, а својот потпис го ставил и на бројни публикации.
Димитар Димитровски Такец ќе биде погребан утре на Буковските гробишта во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


