Полицијата го приведе лицето кое вчера ја запали шумата кај Инекс Горица, објавува порталот „Охриднет“.
– Во 16 45 вчера беше пријавено во СВР Охрид пожар во близина на хотелот Инекс Веднаш е излезено на лице метсо од полициските службеници кои во моментот затекнале лица, кое има извршено опожарување на нискостеблеста шума.Приведено е лицето веднаш при првиот контакт со него констатирани се одредени елементи на психичко нарушување и истиот е предеден на Центарот за социјални работи Дебар, изјави портпаролот на СВР Охрид.
Како што вчера Охриднет ексклузивно ги објави овие фотографии, лице од Дебар од засега нејасни причини запали 40 м2 нискостеблеста шума во Горица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


