Age of Ultron” или Одмаздници: Ерата на Алтрон во Македонија премиерно беше прикажан во „Синеплекс“. Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х во соработка со Double Negative од Лондон, работеше на ефектите на филмот.
ФХ3Х работеше со екипа од 20 артисти во период од два месеца, во февруари оваа година.
Филмот веќе ја имаше својата премиера во делови од Европа и Азија и според најновите информации, заработката на кино благајните ги надмина очекувањата од 150 милиони американски долари. Во првиот викенд на прикажување филмот заработи 201 милион долари. Првиот викенд на прикажување во Америка кој е закажан за 1 мај најавува надминување на заработката на првиот дел кој донесе 207 милиони долари.
Инаку, во однос на актерската екипа, во „Avengers: Age of Ultron” Роберт Дауни Жуниор се враќа како Ајрон мен, заедно со Крис Еванс како Капетан Америка, Крис Хемсворт како Тор и Марк Руфало како Хулк.
Во филмот се и Скарлет Јохансон, Џереми Ринер, Семуел Л. Џексон, Дон Чедли, кои повторно се собираат за да го поразат Џејмс Спајдер како Алтрон, ужасен технолошки злосторник со желба да ги истреби луѓето.
Во својата акција тие се спротивставуваат на уште два мистериозни и моќни нови лика Ванда Максимоф и Пиетро Максимоф, и сретнуваат стар пријател во нова форма кога Пол Бетани станува Вижн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура