Скопската полиција со помош на ДНК анализа го открила силувачот на 16-годишната девојка, која беше нападната лани на неколку дена пред Нова година во близина на ТЦ „Олимпико“ на улица Митрополит Теодосиј Гологанов.
МВР соопшти дека со кривична пријава за силување го предале С.К. (43) од Скопје затоа што на на 20 декември лани во 19,50 часот на улица Митрополит Теодосиј Гологанов зад ТЦ „Олимпико“ Скопје ја силувал малолетничката.
Во описот на делото, МВР објавува дека насилникот, откако првин одзади ѝ пришол на малолетничка ѝ ја фатил устата со рака за да не вика за помош, ја одвлекол до оградата, каде што со удари со тупаници во пределот на главата и удари со глава во ѕид и стискање со раце за врат ја силувал.
Потоа ѝ го одземал мобилниот телефон на малолетничката и заминал. Веднаш по ова, откако малолетничката пристигнала дома случајот е пријавен во полиција од страна на нејзиниот татко. Одделението за истрага на место на настан при СВР-Скопје презеле мерки и активности вклучително и вештачење, како и соодветни медицински прегледи. На вештачење е даден соодветен ДНА профил од непознато машко лице, кој е предаден во Одделението за криминалистичка техника при МВР на РМ за споредба со базата на профили – податоци.
Така било дојдено до С.К., кој е пронајден и приведен во службените простории на полициската станица во Кисела Вода. Осомниченот во целост го признал делото. С.К. во крим-евиденциите на СВР Скопје минува за сторени повеќе кривични дела – тешка кражба и кражба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


