| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Taтко ми паѓаше во несвест од глад, за ние да имаме што да јадеме

putin11

Претседателот на Русија Владимир Путин ги раскажа тешките години кое неговото семејство ги поминало во Втората светска војна.

Во статијата која шефот на државата ја напиша за списанието „Руски пионер“, вели дека без оглед на сите ужаси на војната, луѓето од тоа време за разлика од подоцнежните генерации не чувствувале омраза спрема непријателот.

– А немаше семејство во кое некој не загинал. И, се разбира, несреќа, мака, трагедија, но кај нив немаше омраза спрема непријателот, ете тоа е изненадувачки“, потенцираше тој.  „Јас до ден-денес не можам, искрено кажано, да го сфатам тоа до крај – пишува Путин.

Путин се сеќава на зборовите на неговата мајка.

Мајка ми едноставно беше многу мека душа, добра… И таа велеше: „А каква омраза може да се има спрема тие војници? Тие се обични луѓе, и тие гинеа во војната“ – вели Путин.

putin

Во својата статија Путин се потсетува на тоа како воените настани го допреле и неговото семејство: каде војувал неговиот татко, како бил ранет, како по војната се сретнал со другарот што го спасил.

Претседателот раскажува и за тоа како за малку ќе загинала мајка му, како загинал неговиот брат.

Во времето кога неговиот татко ранет лежел во болница, ја давал целата болничка храна на неговата сопруга, за таа и децата да преживеат.

Тогаш тој во болница почна да паѓа во несвест од глад, докторите и медицинските сестри сватиле што прави и веќе не ја пуштаа мајка ми да влезе – признава Путин.

putins-dad

Сѐ што ми раскажуваа родителите за војната беше вистина. Ниту еден збор не измислија. Ниту еден ден не испуштија – завршува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top