Налогот на „Твитер“ со повеќе од 8.000 следбеници, кој до неодамна активно мобилизирал нови припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и им обезбедувал превоз до Сирија, го управувал млада наставничка од Сиетл.
Британскиот Канал 4 истражувал за Твитер налогот UmmWaqqas, кој го промовирал ИД се додека не бил блокиран на 17 април, откривајќи дека зад него се крие жена на околу 20-годишна возраст и за која се претпоставува дека е Европејка, а според контактите кои ги одржувала со многумина кои заминале на Блиски Исток и се придружиле на ИД, може да се заклучи дека таа најверојатно е Британка.
Утврдено е дека таа жена веројатно се вика Равдах Абдисалам, врз основа на Фејсбук профилот под истото име, за кој се користени слични фотографии и имиња кои претходно можеле да се најдат и на нејзиниот налог на Твитер.
Во „патниот водич“ на ИД за потенцијалните регрити кои патуваат во Турција за да ја преминат границата со Сирија, Твитер налогот UmmWaqqas е наведен како еден од главните контакти, наведува Канал 4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.