
Во големата анкета во која учествувале повеќе од 80.000 луѓе од сите краеви во светот, била направена своевидна мапа на приоритети на сите народи во светот.
Податоците се собрани и презентирани на голема мапа, каде што посебно е означен секој континент, додека приоритетите се поделени според бои.
Така, според мапата, Македонците најмногу се грижат за своето здравје, по што се слични со жителите на Русија и Канада.
На другите балкански народи, пред сè Србите, Хрватите и Босанците, најважно од сè им е животното задоволство, нешто во што се слични со Американците.
Костарика и Куба најмногу внимание посветуваат на хедонизмот, додека Мексико и речиси цела Јужна Америка најмногу грижи за образованието.
Единствено Словенија и Грузија се загрижени за животната средина, која за нив претставува приоритет број еден.
Во анкетата учестувале луѓе од повеќе од 180 светски земји, а ТУКА можете да ги видите сите резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


