| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанец пронашол и вратил поголема сума пари

пари

СВР-Битола денеска соопшти и јавно му честиташе за постапката на битолчанец, кој во текот на вчерашниот ден пронашол, пријавил и вратил поголема сума парични средства.

Магадалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола, информираше дека во текот на вчерашниот ден битолчанецот пронашол паричник во кој имало 7.300 денари, 510 евра, 200 австралиски долари и дебитна картица од странска банка.

– По пријавата, полициски службеници од полициската станица „Битола“ го пронајдоа лицето кое ги изгубило предметите и паричните срдства и тие му беа вратени. Во оваа прилика СВР – Битола ја поздравува постапката и изразува јавна благодарност на пријавителот. Воедно апелираме на сите граѓани да го следат неговиот пример и да пријавуваат пронајдени  изгубени предмети – посочи Димитровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top