| четврток, 6 декември 2018 |

Варуфакис: Преговорите ќе бидат успешно завршени

ва

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во денешниот говор во Парламентот, рече дека преговорите ќе бидат успешно завршени, климата ќе се смири, а потоа ќе се зборува за период на обнова после јуни, јави дописникот на МИА од Атина.

Тој, исто така, изрази оптимизам дека откако ќе се постигне договор со институциите, Грција ќе се врати на пазарите и ќе биде во позиција да издава обврзници во рамките на одржливиот долг, а економијата ќе се врати на патот кон раст.

Варуфакис вети дека Владата ќе стори се што е во нејзина моќ да ги открие сите оние кои прават профит на сметка на државата.

Тој ги обвини претходните влади дека прифатиле услови за работа на грчкиот Фонд за финансиска стабилност (ХФСФ) со кои „ја лишиле грчката држава од суверенитет врз нејзините пари и тврделе дека ХФСФ не и вратил на Грција 1,2 милијарди евра“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top