| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

зем

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени по Рихтер денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 154 километри јужно од градот Рабаул и на длабочина од 85 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикана материјална штета.

Рабаул се наоѓа во североисточниот дел на островот Источна Нова Британија, најголемиот остров во Бизмарковиот архипелаг, кој припаѓа на Папуа Нова Гвинеја. На островот се наоѓа вулканот Тавурвур, чијашти ерупција во 1994 година го уништи градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top