| четврток, 6 декември 2018 |

Танцовата компанија „Драгон кунг фу“ го затвори „Танц-фест“

„Драгон кунг фу“ е современа танцова компанија основана во 2006 година од кунг фу ѕвездата Џеки Чен, а на сцената на новиот театар во Велес настапи со 11-члена екипа која во неколку сцени ја презентира традиционалната култура и современата уметност во Кина. Тие со својот настап ја одушевија многубројната публика и изнудија на неколкупати бис на сцената.

Меѓу присутните беа и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија Зеншун Вен.

По претставата во изјавата за медиумите министерката Елизабета Канческа – Милевска најпрво упати честитки за успешниот и ексклузивен настап на ансамблот од Пекинг.

kung_fu_tanc1

– Ние како министество и даваме поддршка на Рисима Рисимкин за нејзиниот „Танц-фест“, кој во Македонија се етаблираше како многу значајна манифестација и која донесе во земјава светски познати ансамбли. Ова беше еден ексклузивен настан и може да се види дека самиот ансамбл вложува многу труд и напорна работа и затоа овие резултати се видливи и треба да ни биде пример за сите нас како со многу напорна работа можеме да дојдеме до вистински резултати – истакна министерката Канческа Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top