| четврток, 6 декември 2018 |

Три грешки што мора да ги прескокнете на утрешната првомајска скара

Следува продолжен викенд и неизбежното собирање со пријателите за добра дружба и уште подобра скара. За да не се уништи добриот викенд, внимавајте да не претерате ни со јадењето, ни со пиењето.

Пиеме премногу и предолго

Македонците се мераклии. Додека се чека скарата, се мези со ладна ракија, ручекот се налева со пиво или вино, се пие од утро, па до вечер.

Важно е да ја знаете својата граница. Не претерувајте. Пијте полека и уживајте. Најважното од с, не дозволувајте си да седнтет позади воланот после таква гозба.

Јадеме како да нема утре

Дури да дојде време за скарата и вистинскиот ручек, веќе сме сити. Месо, пак, секогаш има повеќе отколку што секој од нас може да поднесе – „За не дај Боже“.

Намелете со мезењето пред ручекот. Гледајте тоа да биде само салата, а не и сувомеснати производи.

За време на ручекот, ако веќе сакате да пробате од секое мевце, гледајте тоа да биде во мали количини. И онака веќе имате премногу јадење во себе, а за пијалак и да не правиме муабет.

По целодневно јадење, не ви треба вечера, колку и вашиот гладен ум тоа го бара. Напијте се чаша јогурт, за желудникот да земе здив.

Мешаме политика

Понекогаш е неизбежен дел од муабетите, но со чашка повеќе, политичките муабети брзо ескалираат во непотребни(!) караници.

Уживајте со своето друштво и семејство и не дозволувајте, барем денес, некој да ви го уништи викендот.

Кршиме правила

Огнот на јавно место се казнува, а глобата е 200 евра. Подготвувајте ја вашата скара дома, во дворот или, пак, посетете кафеана. Внимавајте со огнот, а ѓубрето секогаш исчистете го. Не поради казната од 50 евра, туку поради вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top