| четврток, 6 декември 2018 |

Денот на Европа ќе биде прославен со повеќе активности

еу

Амбасадорот на ЕУ Аиво Орав, вицепремиерот Фатмир Бесими и претседателот на Европското движење Милева Ѓуровска, денеска ќе ги претстават активностите по повод годинешната прослава на Денот на Европа.

Делегацијата на Европската унија во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Европското движење, амбасадите на земјите-членки на ЕУ и други локални институции ќе организираат и поддржат повеќе од 50 настани со цел да го прослават 65-от роденден на Европската Унија и да им го приближат процесот на европска интеграција на граѓаните.

Денот на Европа 2015 ќе биде прославен на многу начини вклучувајќи го и традиционалниот настан Денот на европското знаме, Скопскиот маратон по повод Денот на Европа, Европскиот хепенинг во Скопје како и бројни дебати, предавања, натпревари, културни настани и локални прослави кои ќе се одржат низ целата земја.

ЕУ Инфо мрежата – ЕУ инфо точките во општините Дебар, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Велес – ќе организираат хепенинзи за Денот на Европа со цел да се прослави европската идеа на локално ниво.

Автобусот на ЕУ, оваа година повторно ќе патува низ земјата и ќе ги посети следните села: Порој, Кривогаштани, Чегране, Конче, Черкези, Негорци, Петровец, Пласница, Облешево и Просениково.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top