Луз, односно Ренал Лиуз, карикатурист на францускиот сатиричен неделник Шарли ебдо, изјави во разговор за списанието Les Inrockuptibles дека повеќе нема да го црта пророкот Мухамед.
– Јас немам намера повеќе да го цртам (пророкот) Мухамед, тој лик повеќе не ме интересира, доста ми е веќе од него“, изјави Луз во разговорот за споменатиот париски магазин посветен на културата.
Луз стана познат надвор од еснафските кругов, по карикатурата на пророкот објавена во првиот број на Шарли ебдо по терористичкиот напад на терористите врз редакцијата на списанието од јануари годинава. На цртежот Мухамед држи табла со натписот „Јас сум Шарли“, а покрај неа е напишано „Сé е простено“.
На прашањето за изјавата на поранешниот сопствени на неделникот Филип Вал, кој по атентатот оцени дека терористите победиле, Луз одговара дека таа реакција го разбеснила“. „Терористите не победија. Ќе победеа доколку цела Франција и натаму се плашеше“, заклучува карикатуристот.
Објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед, чиешто претставување во исламот се смета за богохулство и навреда, во 2006 година ги разгневија муслиманските држави и поттикна закани со смрт за повеќе карикатуристи, во Данска и Норвешка, на пример, како и за соработниците на Шарли ебдо, кои по неколку неуспешни атентати на скандинавските карикатуристи и потпалување на редакцијата на францускиот магазин во Париз, се остварија на 7-ми јануари 2015 година, кога во нападов на двајцата браќа Куаши во редакцијата на неделникот беа убиени 12 луѓе.
Првиот број на неделникот по атентатот со споменатата карикатура на Луз, исто така, предизвика протести во неколку муслимански земји. Тој број излезе една седмица по нападот и беше издаден во 8 милиони примероци, наспроти дотогаш вообичаено нарачуваниот тираж од 60.000 примероци, од кои биле купувани до 28.000. Тоа се смета за воопшто рекорд во францускиот печат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


