Девојка што работела како благајничка во обложилницата „Спорт лајф“ вчера била ограбена среде улицата Петар Дељан во населбата Кисела Вода, во момент кога го носела дневниот промет.
Според полицијата, кражбата се случила на улицата Петар Дељан, кога девојката со себе носела дневен промет од околу 400.000 денари. Непознатиот разбојник ѝ пришол и ја удрил по глава, по што ѝ ја одзел чантата во која биле парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


