| четврток, 6 декември 2018 |

Жена би требало да раководи со ОН

flags

Во текот на следната година, Обединетите Нации ќе направат важен избор. На генералниот секретар Бан Ки-мун му завршува мандатот на 31 декември 2016 година, и ќе биде заменет со нов лидер. Досега избирањето на раководител се случувало на есен од последната  година од мандатот на генералниот секретар, но сега дебатите порано се разгоруваат.

Од создавањето на ОН во 1945 година, таа важна функција била заземана од осумина мажи – од Норвешка, Шведска, Бурма (или Мјанмар), Австрија, Перу, Египет, Гана и Јужна Кореја. Следниот генерален секретар би требало да е жена.

Во уставот на ОН стои: „Генералниот скеретар се назначува од Генералното собрание по препорака од Советот за безбедност“. Тоа по традиција значи процес на тајни консултации меѓу членовите на советот, посебно меѓу петте постојани членки: САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина. Преодот кон наследнк на Бан веќе со месеци е предмет на шпекулации, и во тек е неофицијална кампања. Конечниот избор треба да добие гласови на девет од 15-те членки на Советот за безбедност, без да има воздржување од која и да е постојана членка со право на вето. Потоа, конечниот кандидат ќе биде претставен на Генералното собрание за негово потврдување.

Во историјата, Генералното Собрание потврдувало генерален секретар со консензус. Но во 1991 година, групата на Африка во ОН најави дека ќе апстинира од гласање на Генералното Собрание ако не биде номиниран Африканец. Групата имаше доволно држави во својот камп за да предизвика пораз на кој и да е неафриканец, и Советот за безбедност реагираше. Сега може да биде применет сличен притисок за да се насочи советот да избере жена.

Процесот од секогаш бил таен. Нема транспарентност, нема јавен процес на барање, нема опис на работата и нема список на кандидати. Колку што е познато, досега никогаш жена не била сериозно сметана за кандидиат.

Во 70-та годишнина од создавањето на ОН, напорите за обезбедување на еднаквост и можност за секоја жена се важна цел, како што се виде од учеството на илјадници луѓе од целиот свет на конференцијата за статусот на жените која се одржа во седиштето на ОН во Њујорк минатиот месец.

Многу жени и мажи се силно убедени дека процесот на избор би требало да биде поотворен. Би требало да се примени вистинско барање на најдобрите можни жени кандидати. Оправданието дека нема доволно квалифицирани жени од кои треба да биде направен изборот, веќе не важи, ако воопшто некогаш и важело. Мноштво истакнати лидерки добиваат сериозна шанса како претседатели, премиери, канцелари, министри за надворешни работи и пак дипломати. Многу од нив ги имаат сите клучни квалификации за таа предизвикувачка функција: напори во многустрани односи, обврзување за мир, праведност, правата на човекот и други основачки цели на ОН; и интелигенција, елоквентност и докажани вештини за комуникација и раководење.

Највисокиот лидер на ОН нема армија, ниту пак буџет – освен оној кој решаваат да го обезбедат државите членки. Силата на генералниот секретар е во неговите или нејзините способности да убедува и можноста да обезбедува морален ориентир за светот. Изборот на жена за генерален скретар би испратила силна и недвосмислена порака во ова исполнети со предизвици време. Жените сочинуваат половина од населението на светот, и време е државите во светот да изберат жена за таа значајна должност.

Извор: Вашингтон пост

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top