| четврток, 6 декември 2018 |

Камион прегазил шестгодишно девојче кај Вардариште, возачот бил претепан од група граѓани

Шестгодишно девојче било прегазено од камион вчера утрото, а потоа возачот на товарното возило бил претепан од група граѓани, информираат од МВР.

Трагичната сообраќајна несреќа се случила на улицата Зендел Џемаили во близина на депонијата Вардариште, кога 28-годишниот скопјанец Д.Н. со камион удрил во девојчето, кое тешки повреди било пренесено во Ургентен центар каде што починало. Веднаш по несреќата тој бил нападнат од група непознати луѓе, кои го претепале. Скопјанецот бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“. Телото на девојчето било предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top