Над 100 компании во Украина се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија. Денеска на бизнис-форум предностите за инвестирање во Киев ги претставија вицепремиерот за економски прaшања Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и амбасадорот на Република Македонија во Украина Столе Змејкоски.
Како што соопштија од Кабинетот на вицепремиерот, бизнис форумот е во заедничка организација на Амбасадата на Република Македонија во Украина и компанијата KPMG, а присуствуваа претставници од вкупно 40 компании.
За време на посетата на Украина, вицепремиерот Пешевски и министерот Павлески поволните услови за инвестирање во Република Македонија ги презентираа на уште два бизнис форуми, организирани во соработка со Стопанската комора на Украина и во соработка со Украинско – Британската комора за трговија. Вкупниот број компании пред кои беа презентирани предностите за инвестиции во македонската економија надмина бројка од 100 компании.
Во соопштението се додава дека вицепремиерот Пешевски и министерот Павлески одржале и повеќе работни средби со претставници на компании од различни бизнис сектори кои пројавиле особен интерес за инвестициските можности во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина