Авионот на американската авијација, што претхоно „исчезна“ од радарот над Ла Манш, успешно слета во Англија.
Авионот на американската воена авијација, за кој претходно беше соопштено дека „исчезнал“ од радарот над Ла Манш, успешно слета во англиската база Милденхал, по проблеми на летот.
„Боинг КЦ-135 стратотанкер“ со ознака QUID 72 успешно слета во текот на ноќта во база на Британските воздушни сили (РАФ), еден час откако се појавиле проблеми во авионот, соопшти Американската воена авијација.
Во соопштението не се наведува какви проблеми имал американскиот авион во текот на летот.
Авионот „боинг КЦ-135 стратотанкер“ е специјален „воздушен танкер“, чијашто мисија е полнење на други авиони со гориво без слетување. Тој полетал од северна Франција пет минути по полноќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.