Издавачката куќа „Или-Или“ го објави третото издание на наградуваниот роман „ Резервен живот“ од Лидија Димковска.
Романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска, добитник на наградата на Европската унија за 2013 година како и на наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија веќе е објавен на словенечки и унгарски јазик, а во мај своја промоција ќе доживее и бугарскиот превод на романот на Пролетниот саем на книгата во Софија. Наскоро романот ќе биде објавен и во Чешка, Италија, Албанија, Србија и во Хрватска.
Во најновиот број на престижната американска ревија за книжевност „Чикаго Ривју“ што е во печат, ќе биде објавено првото поглавје од романот во целост, во превод на англиски јазик на познатата американска македонистка Кристина Крамер, а поголем фрагмент од романот беше објавен и на германски во списанието за литература „Манускрипте“. За романот „Резервен живот“ постои голем интерес да биде објавен и на други светски јазици. Нејзиниот прв роман, пак, „Скриена камера“ што „Или-Или“ го преобјави во 2014 година после преводите на словачки, полски, словенечки и бугарски, годинава ќе биде објавен и во превод на летонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европско книжевно признание за Лидија Димковска
-
Романот „Но-Уи“ на Лидија Димковска – национален кандидат за наградата „Балканика“
-
Наградуваниот роман „Резервен живот“ објавен во САД, авторката Димковска на американска книжевна турнеја
-
Димковска ќе ја отвори „Долга ноќ на европската литература“ во Берлин