| четврток, 6 декември 2018 |

Доколку запознаете маж од оваа „категорија“, не пуштајте го

Освен мажите кои не го заслужуваат вашето внимание, постојат и мажи кои на жените им го прават животот поубав. Ви наведуваме неколку типови на мажи кои влагаат во категоријата

devojka i decko

Господин Едноставен

Жените се комплицирани сами по себе и поради тоа им треба некој кој ќе ги гледа работите на едноставен начин. Овој тип на маж нема да се заморува со комплицирани пробеми, затоа што кај него се е проста математика. А тоа е само по себе спротивност на повеќето жени. Затоа животот со едноставните мажи е поприлично мирен.

Господин Чувствителен

Попривлечни се оние мажи кои немаат проблем со искажувањето на чувствата. Кога на жените им е потребно рамо за плачење, тие преферираат тоа рамо да биде на момчето. Уште ако тој знае да слуша, да советува и да теши, не постои ништо поубаво. Единствен проблем е кога таквиот маж почнува да станува премногу чувствителен и почмува да ја презима „женската улога“.

Господин Мажествен

Еднаквоста е одлична работа, но во врска жените сепак сакаат нивниот маж да биде мажествен. Тоа е затоа жената покрај „алфа мажјак“ се чувствува како припадник на понежниот пол и која покрај себе има некој силен и подготвен на се.

Господин Заштитник

Нема поубаво чувство кога знаеш дека твоето момче ќе се заштити од се. Не зборуваме само физички, на жените им е потребен заштитник и во емотивна смисла. Особено во момент кога неа и се случува нешто што ја прави емотивно слаба, па партнерот претставува нејзина „карпа“.

Мора да признаеме дека на мажите не им е лесно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top