| четврток, 6 декември 2018 |

Себастијан Фетел победи во Малезија

sebastijan_fetel

Актуелниот светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел од Ред бул победи денеска на второто гран-при во сезоната, Големата награда на Малезија, што е прва победа за Германецот во новата сезона.

Фетел со време 1:38,56 часа ја комплетираше трката и ја забележа 27. победа во кариерата, а клупскиот колега Марк Вебер го комплетираше еден-два триумфот на Ред бул. Трет беше Луис Хамилтон од Мерцедес.  Бодови освоија и Нико Розберг (Мерцедес), Фелипе Маса (Ферари), Ромаин Грожан (Лотус), Кими Раиконен (Лотус), Нико Хулкенберг (Заубер), Серхио Перез (Мекларен), Жан Верне (Вилијамс).

Во генералниот пласман Фетел води со 40 бода, пред Раиконен со 31, Вебер има 26, Хамилтон 25, Маса 22, Алонсо 18…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top