Кошаркарите на Хјустон по четвртипат го победија Далас и со конечни 4-1 се пласираа во полуфиналето на Западната конференција во НБА-лигата. Ноќеска ракетите долетаа до триумф од 103-94, а повторно ги предводеше Џејмс Харден, кандидатот за најкорисен играч во НБА-лигата. Тој постигна 28 поени, а Хјустон по 6 години конечно победи во плејоф-серија.
Повозбудливо е во серијалот мечеви меѓу актуелниот првак Сан Антонио и Лос Анџелес клиперс, а третпат во низа победи гостинската екипа. Во Ел-Еј, славеа мамузите од Сан Антонио со 111-107, резултат што е идентичен на тој од вториот дуел, но тогаш имаше продолжение. Тим Данкан забележа дабл-дабл со 21 поен и 11 скока и го предводеше шампионот до мошне важна победа и до ситуација со нов триумф во следниот меч дома, да минат понатаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.