| четврток, 6 декември 2018 |

Какво време нѐ чека за претстојниот продолжен викенд?

мај2

И за време на празникот 1 Мај нѐ чека променливо време. Утринската температура ќе се движи од 3 до 14 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 11, односно до 23 степени.

– Бранот врнежи кој почна во вторник ќе заврши во првата половина од среда, и тоа со далеку послаби врнежи. Повремен и релативно слаб дожд се очекува во западниот и во северниот регион од земјава. Попладне облачноста значително ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер – најавува „Метеопро“.

Максималната дневна температура ќе има вредност околу 19 степени низ котлините во земјава. Максималната температура ќе има малку поголема вредност долж јужниот тек на Вардар, и тоа од 21 до 23 Целизиусови степени.

Во Скопје се очекува променливо време со повремен дожд во првата половина од денот. Попладне ќе има повеќе сончеви периоди. Максималната дневна темературата ќе достигне до 19 степени.

В  четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со дожд.

В петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло. Сепак, постојат услови за развој на нестабилна облачност која може да услови локални врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top