Американски товарен брод со 34 членови на посадата е сопрен од воени бродови на иранската морнарица, кои ја презеле контролата над него, јави иранската новинска агенција ФАРС.
Саудиската ТВ-станица „Ал Арабија“ јави дека иранската морнарица го презела американскиот товарен брод заедно со сите членови на екипажот. Според други извештаи, бродот бил презеден поради пловење без дозвола во иранските води во Персискиот Залив.
Иранските воени бродови моментно го следат преземениот брод до јужниот крајбрежен град Бандар Абас во Персискиот Залив. Иранските официјални лица, наведува ФАРС, не го потврдиле случајот, но агенцијата „Ројтерс“ јавува дека официјален Пентагон ги потврдил случувањата во заливот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.