Граѓаните на Македонија треба да бидат спокојни и мирни, е пораката која ВМРО ДПМНЕ ја праќа од Неготино.
– ВМРО-ДПМНЕ има сила и човечки капацитет да ги надмине овие случувања, да најде решение за предизвиците што ги поставува пред нас ситуацијата, дa им го вратиме мирот и спокојството на граѓаните – изјави Зоран Ставрески, вицепремиерот и министер за финансии пред почетокот на трибината.
Според него никој нема право да ги вознемирува граѓаните и да ги држи во агонија со месеци.
– Мора да се најде решение коешто ќе им овозможи на граѓаните да продолжат спокојно и мирно да живеат и истовремено да ги решаваме нивните проблеми. Значи втората порака ќе биде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветено на решавање на реалните проблеми на граѓаните, да се најде работа за луѓето, да им се помогне со подобри здравствени услуги, да реновираме училишта, да изградиме некој пат или канализација, она што на граѓаните ќе им значи подобар живот. Тоа е нашата мисија, затоа сме избрани ние политичарите и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со таквите политики и ќе ја водиме Македонија во подобар живот – рече Ставрески.
Тој додаде дека во континуитет работат со општина Неготино со цел да овозможат да се реализираат повеќе проекти и на централно и на локално ниво.
– За Неготино изминатиов период најзначајни беа високите субвенции што ги исплаќаме, бидејќи е лозарски крај и има многу луѓе коишто живеат од земјоделството. Овозможвме во исто време да се легализираат објектите, да можат луѓето да си го откупат дворното место со едно евро по квадрат, да можат да купат половно возило со пониски акцизи, да можат д анајдат вработување во фабриките што се отвораат како што е Дрексел Мајер тука во близина. Ќе зборуваме и за изградбата на индустриската зона во Неготино како и за решавање на горливото прашање кое конечно најдовме сила заедно со општината да го решиме, а тоа е водоснабдувањето на градот и слични прашања од локалната инфраструктура, додаде Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димитриев: Миновски располага со соодветен капацитет за да ја извршува функцијата министер за финансии
-
Страврески: Како земја многу инвестираме во образованието кое со вештините се клучни фактори за развој
-
Ставрески: За неполни години се креирани нови 150 илјади работни места
-
Во 2016 година ќе започнување на три нови делници од примарниот гасовод