| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца Словенци шверцувале 370 килограми хероин

heroin

Двајца словенечки државјани се уапсени кон крајот на минатата недела во Грција со 370 килограми хероин, поради што им се заканува казна до десет години затвор, потврди денека словенечката полиција, наведувајќи дека спроведува истрага во врска со случајот и во нивната земја.

Во атинското пристаниште Патрас уапсени се 33-годишниот возач Кламен Равбар и неговиот сопатник 45-годишниот Стане Забре.

Тие се уапсени откако полициското куче во нивното товарно возило, на траект кој патувал за Италија, под ауспухот на возилото извлекло пакет со еден килограм хероин, додека со дополнителен претрес е откриена рекордна количина од 370 килограми хероин.

Дрогата, распоредена во 340 пакети на црниот пазар би постигнала вредност од седум милиони евра, а во разредена состојба за продажба по дози 40 милиони евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top