Откако пред две недели го објави нејзиното повлекување од модните писти, Жизел Бундшен се појави гола на насловната на бразилското издание на „Вог“ прославувајќи 20 години од нејзината кариера.
На насловната на мајското издание на „Вог“ можеме да ја видиме прекрасната 34 годишна манекенка во неверојатна форма како во раката ја држи буквата „Г“ од нејзиното име заедно со бројот 20.
Покрај на насловната, таа се појавува и во одличната фотосесија во магазинот претставувајќи ги водата, воздухот, огнот и земјата низ неколку фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.