| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од Центар, Кисела Вода и Чаир утре без струја

струја

Дел од корисниците од улицата „Банско“ во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Стојна Стевкова“, „Ордан Чопела“ и „373“ во општина Чаир, од 9 до 15 часот корисниците од улиците „Црногорска“, „6“, „8“ и „10“ во општина Ѓорче Петров, а од 17 до 18:30 часот и корисниците од улицата „Даме Груев“ бр. 4. во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top