Зоран Заев на партиска прес конференција се обиде да го скандализира носењето на Законот за следење на комуникации, закон донесен во 2012 година, со двотретинско мнозинство и за кој гласаа пратениците на СДСМ и нивните коалициски партнери . За социјалдемократите тој беше во склад со европските стандарди. Заев повторно се обиде да ја манипулира јавноста околу законско решение за кое гласаа најблиските соработници на актуелното и минатото раководство на СДСМ.
Освен Шекеринска, за законот гласале и Тито Петковски, Горан Мисовски, Наташа Савова, Игор Ивановски, Сафет Бишевац, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Весна Бендевска, Митре Велјановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.