| четврток, 6 декември 2018 |

Нов масакр: Боко харам уби 400 луѓе

Стотици луѓе се пронајдени мртви во нигерискиот град Дамаск, кои, очигледно, се жртви на екстремистичката група Боко харам, соопштија локални извори, пренесува „Фена“.

Нигерискиот претседател Мухамад Бухари еден ден претходно изјави дека екстремистите се „лажна верска група“ и вети дека нема да штеди напори во борбата против нив.

Мртви тела биле пронајдени во куќи, низ улици и во коритото на реката Дамаск, која е пресушена, истакнал еден жител додавајќи дека жртвите се погребани во 20 масовни гробници во текот на изминатиот викенд.

Друг жител на градот, кој помогнал при погребувањето во саботата, изјави дека бројот на жртвите се проценува дека е повеќе од 400 лица, иако властите на нигериската држава Борно не ја соопштија точната бројка.

Пред еден месец западните медиуми објавија дека припадници на Боко харам киднапирале повеќе од 400 жени и деца во истиот град.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top