Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека неговата Конзервативна партија има десет дена до изборите на 7 мај да го спаси Обединетотот Кралство од шкотските националисти што, според него, ќе предизвикаат хаос, ако освојат позиција на одлучувачки фактор за власта, пренесува БТА.
Анкетите покажуваат дека конзервативците и опозициските лабуристи имаат израмнети сили, и се очекува, дека ниту една од двете партии нема да оствари сигурна победа на изборите.
Шкотската национална партија (ШНП), која ја зголеми својата популарност, откако Шкотите гласаа против независноста на референдумот во септември, е на пат да добие многу поголема поддршка од лабуристите во Шкотска и најави подготвеност да работи со нив, за да спречи конзерватиците повторо да бидат на власт.
Камерон во интервју за „Тајмс“ изјави дека ШНП не сака успех на Обединетото Kралство.
– Тие го сакаат токму спротивното, истакна тој, додавајќи дека ШНП го сака најдоброто за Шкотска, а со остатокот од Обединетото Кралство како биде бидејќи тие не сакаат да бидат дел од него, тие не сакаат и негов успех.
ШНП, која се залага за независност на Шкотска, изјави дека институциите на Велика Британија се пропаднати и дека партијата ќе дејствува конструктивно за да доведе до „прогресивна промена“ во Обединетото Кралство, ако освои позиција на одлучувачки фактор за власта.
Камерон, нагласи, дека според него е неуспех, ако конзервативците не освојат мнозинство.
– Ако изборите не бидат убедливо освоени, тоа очигледно не е успех, истакна тој, додавајќи дека има обврска во следните десет дена да дејствува за убедлива победа на изборите, десет дена за спас на Обединетото Кралство – изјави британскиот прв министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.