Од АД “Македонска пошта“ информираа дека од претпладневните часови денес сите шалтери низ Македонија работат нормално и со полн капацитет.
“По настанатата ситуација во АД ‘Македонска пошта’ односно после пожарот кој избувна завчера попладне, раководството на фирмата на чело со генералниот директор Рафис Аљити презема активности за нормално функционирање на сите активности во институцијата“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


