Државна помош од 1.300 турски лири (440 евра) ќе добијат мајките кои ќе ја исполнат препораката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ќе родат по три деца, јави БТА.
Одлуката според која Турчинките ќе добиваат по 300 турски лири (100 евра) за едно дете, по 400 лири (135 евра) за две деца и по 600 лири (200 евра) за три или повеќе деца е објавена денеска во државниот весник.
Мерката беше објавена во јануари како дел од стимул за турските мајки. За подоцна е предвидено Турција да воведе можност за работа на половина работен ден за мајките по истекот на породилното отсуство. Во тој период, кој ќе се определува според бројот на децата, мајките ќе добиваат целосна плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата