Растојанието кое ја одвојува Атина од Брисел во преговорите останува големо, особено што европските претставници проценуваат дека Грција ќе мора да вети дополнителни мерки годинава, со цел да постигне договор со кредиторите за фискалните и макроекономските бројки.
Ова денеска го пишува „Катимерини“ истакнувајќи дека кредиторите ќе бараат спроведување дополнителни мерки за да се обезбедат три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Атина.
Весникот цитира извори според кои Брисел очекува грчката економија годинава да има раст меѓу нула и 0,5 отсто во најдобар случај, додека примарниот буџетски биланс ќе се движи помеѓу нула и дефицит од 0,5 отсто од БДП. И сето ова во услови специјалниот данок на имот ЕНФИА да продолжи да се применува како што беше во 2014 година, клаузулата за нулта дефицит да продолжи да важи за дополнителните пензиски фондови, како и да нема божиќен бонус кој Владата го вети.
Според кредиторите, за да се достигне примарен суфицит од 1,5 до два отсто, грчката Влада „ќе мора да се преземе мерки во вредност од три милијарди евра“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција