| четврток, 6 декември 2018 |

Александар: Го видов полицаецот како лежи во локви крв

 напад

Сведок на терористичкиот напад кој вчера во 19 часот се случи во полициската станица во Зворник, раскажа за страшниот настан.

– Среќа е што напаѓачот кој дојде со автомобил не успеа да влезе во полициската станица, бидејќи ќе убиеше повеќе луѓе – вели сведок кој сака да остане анонимен, за српскиот Курир.

Друг сведок по име Александар, вели дека се шетал во близина на станицата кога слушнал пукање. Прво што видел бил полицаецот кој на паркингот на станицата лежел во локви крв. За среќа, излегол друг полицаец по име Рамиз и спречил поголема трагедија.

Инаку, за потсетување, терористичкиот напад се случи во 19 часот откако напаѓачот со панцир на себе дошол и се паркирал пред станицата. Откако излегол веќе починатиот полицаец и му рекол дека тука не смее да се паркира, напаѓачот почнал да пука. Напаѓачот од другите полицајци бил погоден дури седум пати, по што паднал на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top