Околу осум милиони луѓе се загрозени во Непал од разурнувачкиот земјотрес, што ја погоди земјата пред три дена, изјави денеска Фархан Хак, портпарол на Генералниот секретар на ОН, повикувајќи се непалските власти.
Над 1,4 милиони Непалци имаат потреба од помош во храна. ОН наменија од фондот за итно реагирање во вонредни ситуации 15 милиони долари, со цел да се помогне на загрозените. Овие средства ќе бидат наменети за обезбедување на погодените региони со вода за пиење, медицински стоки и логистички услуги.
Бројот на жртви во земјотресот во Непал достигна 4.310 лица, а повредени се над 8.000 луѓе, соопшти министерството за внатрешни работи на Непал, пренесува ТАСС.
Во текот на ноќта се регистрирани потреси до 5,2 степени, поради што луѓето ноќта ја минале под отворено небо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.