| четврток, 6 декември 2018 |

Европските лидери го одбија барањето на Украина за испраќање мировни сили

украина

Европските лидери го одбија барањето на Украина за испраќање мировни сили во источниот дел од земјата, бидејќи набљудувачите на ОБСЕ соопштија дека е интензивирано гранатирањето во селото Широкине во близина на стратешкиот град Мариупољ, кој е под контрола на владините сили.

Меѓутоа, високите претставници на ЕУ на самитот во Киев постигнаа договор за поголема хуманитарна помош за Украина, пренесува Танјуг.

Европските и американските сојузници сепак се колебаат да испратат оружје или војници во Украина поради страв од ескалирање на судирите, кои ги нарушија нивните односи со Москва.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека “е невозможно да се испрати воена мисија, но во најкраток можен рок ќе биде испратена цивилна мисија која ќе ја процени хуманитарната ситуација во Украина“.

Од друга страна, лидерите на ЕУ извршиле притисок врз украинската Влада да ги забрза реформите и да ги „исчисти украинската политика и бизнис“ во замена за поблиски врски со Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top