| четврток, 6 декември 2018 |

Италија од воздух ќе лоцира парцели со канабис во Албанија

lazarat-albania-cannabis-01Италијански полициски хеликоптери и годинава ќе реализираат акција за откривање на парцели засадени со канабис во Албанија. Ова на попладневната средба со директорот на албанската полиција Хаки Чако,  го соопштил италијанскиот амбасадор во Тирана, Масимо Гаиани.

-И за оваа година Италија има одвоено средства за реализиација на ваква акција, која од нашите две земји се оценува како значајна мисија.Успешни мисии реализирани се и во 2012, 2013 а посебно минатата година, изјавил Гаиани.

Генералниот директор на албанската полиција Чако, се забагодарил за досегашната сестрана помош што ја дава Италија за албанската полиција и се заложил за унапаредвање на соработката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top