Американскиот претседател Барак Обама по завршувањето на претседателскиот мандат сака да се пресели во Њујорк и да стане професор на Универзитетот Колумбија, пишува Њујорк Пост.
Тој дипломирал на универзитет во 1983 година, а потоа предавал уставно право на Универзитетот во Чикаго од 1992 година до неговиот избор во Сенатот во 2004 година.
-Претседателот Обама внимателно го оценува следен потег, по напуштањето на Белата куќа. Јасно е дека тој размислува за работата на својата фондација, создавањето на претседателска библиотека и како да се продолжи со нова влијателна професија. Се вели дека имал намера да предава на Универзитетот Колумбија, но ништо не е потврдено -пишува весникот.
Портпаролката на Универзитетот Колумбија, каде Амал Клуни во моментов води курс за човекови права, не коментира. Роднини и пријатели на Обама во Чикаго сметаат дека семејството нема да се врати во градот каде што се уште имаат дом, откако претседателот ја напушти функцијата во јануари 2017 година. Според нив поверојатно е да се преселат во Њујорк и да поминуваат повеќе време во Хаваи.
Во меѓувреме се засилува конкуренцијата помеѓу Њујорк и Чикаго за претседателската библиотека која Обама изјави дека се надева дека ќе отиде во Чикаго. Колумбискиот универзитет сепак понудил земја која ја поседува во Њујорк и се смета за подобро место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.