Во пожарот што избувнал утрово, пред 5 часот, целосно се уништени пицерија, куќа и дуќан лоцирани на една од најпознатите скопски улици „Ленинова“ во центарот на главниот град.
Според порталот „MKNews“, густ црн чад почнал да се шири од пицеријата и зафатил електрични столбови во негова близина, па пожарот дополнително се збеснал. Пицеријата е комплетно пеплосана, а настрадаа и куќа и дуќан кои се веднаш до неа.
На противпожарната екипа ѝ биле потребни само 8 минути за интервенција , но оганот веќе дотогаш целосно ги проголтал овие објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.