Затвореник од казнено-поправниот дом „Штип“ испил солна киселина и со знаци на труење бил пратен на Клиниката за токсикологија во Скопје.
Случајот бил пријавен во Штип во петокот од Клиничката болница во Штип, каде што првично бил примен пациентот. Како што објави штипската телевија „Стар“ затвореникот бил осуден на 20 години затвор.
Минатата недела затвореник што бил сместен во притворското одделение во затворот во Битола, се полеал со колонска вода и се обидел да се самозапали. Со изгореници од трет степен по целото тело бил пренесен во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



