И покрај најавите од НИкозија дека кипарската влада постогнала договор со меѓународните кредитори сепак најверојатно договор нема и тој ќе мора да биде постигнат во Брисел
Според западните агенции откако на островот немало расплоложение за компроис решението ќе мора да се бара на средби во седиштетот на ЕУ каде со студени глави ќе се нарпави обид да се избегне банкрот на Кипар. И според владата во Никозија продолжуваат преговорите но атмосферата е исклучително сложена.
Во соопштението ситуацијата се опишува како многу тешка, како и дека претседателот Никос Анастасиадис денеска во Брисел ќе има средби со европските претставници и ќе учествува во средбата на Еврогрупата.
Претходно кипарските медиуми објавија дека Кипар и тројката меѓународни кредитори постигнале договор за еднократно оданочување на депозитите во кипарските банки во вредност од над 100 илјади евра. Според договорот депозитите во водечката кипарска банка „Банк од Кипар“ треба да бидат оданочени со 20 процентен данок, депозитите во останатите банки во земјата со 4 процентен данок.
Кипар треба да собере 5,8 милијарди евра, ако сака да добие 10 милијарди евра финансиска помош од ЕУ и ММФ.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле повторно го предупреди Кипар дека неговото останување во еврозоната зависи од спасувачкиот план, што Никозија треба да го постигне со Меѓународната тројка, пренесува весникот „Велт“.
Предупредувањето е упатено неколку часа по средбата на министите од еврогрупата, посветена на Кипар. Шојбле, исто така, предупреди дека постои можност од неуспех на преговорите.
Преговорите ќе продолжат денеска во Брисел, откако вчера и во текот на ноќта тие се водеа на Кипар.
– Додека се водат преговорите, не можам да кажам категорично дека ЕУ ќе прифати да помогне на Кипар, нагласи Шојбле.
Според него само кога Тројката ќе оцени дека има проект, што ги содржи решенијата на проблемите на Кипар и кои ќе бидат во согласност со правилата, тогаш Еврогрупата ќе го разгледа ова прашање.
Шојбле нагласи дека едно од барањата на Кипар е депозитите под 100.000 евра да не подлежат на оданочување.
Германскиот министер изрази уверување дека сака Кипар да остане во еврозоната, но нагласи дека носи одговорност за стабилноста на еврото, додавајќи дека лошо решение за Кипар ќе направи лоша услуга и за еврото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.