| четврток, 6 декември 2018 |

Утрово проблеми на 4 избирачки места, Македонија гласа на локални избори

На гласачките места, на кои граѓанската асоцијација МОСТ има распоредено свои набљудувачи, биле забележани неколку нерегуларности кои откако биле одстранети галасањето продолжило без проблеми и сега на целата територија на земјава изборите се одвиваат регуларно.

Забележани нерегуларности имало на следниве локации:

Гласачко место 1720 во општина Струмица е отворено навреме но набргу по отварањето имало прекин на гласањето поради тоа што изборниот одбор увидел дека постои вишок од 33 гласачки ливчиња.Општинската изборна комисија извршила увид на самото избирачко место при што е констатирана грешка во сериските броеви и дадена е препорака истото да биде забележано во записникот по што гласањето продолжило.

Гласачко место 0957 во општина Крива Паланка е отворено со задоцнување од еден час поради снег. Оваа информација е потврдена од ОИК.

Гласачко место 0925 во општина Кратово е отворено во 07.30 часот и на ова гласачко место е забележано читање на глас на имињата на гласачите.

Гласачко место 2295 во општина Штип е отворено во 7 часот но било прекинато во 7.15 поради тоа што пред објектот на гласачкото место имало билборд на политичка партија.ОИК во соработика со пожарникарите го отстраниле пропагандниот материјал и гласањето продолжило во 7.45.

МОСТ на овие избори има 3200 набљудувачи кои покриваат приближно половина од избирачките места во Република Македонија како и 50 отсто од гласачките места во секоја општина.Во текот на денот граѓаните кои сакаат да пријават нерегуларности можат да се јават на бројот 080 080 080, а граѓаните што не се сигурни на кое избирачко место припаѓаат може да проверат свои податоци на интернет страната избирачкисписок.гов.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top