Две телефонски јавувања за поставена бомба во просториите на телевизиската станица Сител, која е сместена под трибините на арената Филип Втори.
Вработените се евакуирани, а екипи на антитероистичката единица на МВР во моментов ги проверуваат просториите на телевизија.
Второто анонимно јавување било вечерва за наводно подметната бомба.
Полицијата ја потврди информацијата.
Во 22 и 10 минути непознато лице се јавило и тоа во телевизијата, а потоа и во полиција. Анонимниот јавувач кажал дека е поставена бомба која ке екслодира за 7 минути. Поради тоа вработените со брза интервенција на полцијата се евакуирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.