| четврток, 6 декември 2018 |

Шамар од граѓаните за Заев и Жерновски – атмосферата во опозицијата мачна и тензична

promeni-gero

Во опозицијата владее атмосфера на поделби, критики, разногласија и несогласувања, по неуспехот на опозицијата на референдумот во Центар кога мнозинството граѓани не го поддржаа СДСМ и Жерновски.

Граѓаните ја казнија деструктивната политика на Заев и Жерновски.

Има и други несогласувања во опозицијата, а атмосферата во редовите на СДСМ, ЛПД и „Сорос“ била мачна и тензична.

 

Главниот стратег на опозицијата, Бранко Геровски во својата колумна жестоко распали по опзоцијата за неуспехот. Тој ја искритикува опозицијата дека не знаеле да изработат позитивен рефрендум и индиректно ги обвини дека се одговорни затоа што, според него, не знаеле вистински да организираат кампанја и недоволно работеле на задачата.

„Да се разбереме добро. И јас сум зависник од Фејсбук. И јас сакам лајкови и шерови. И Твитер ми е забавен. И јас сакам ивенти. Оние гушкања за ГТЦ беа забавни. Сето тоа е убаво и потребно. И симпатично. Но, тој што помислил дека така се прави кампања за референдум или за избори, тој нема поим што е политика! Да бидам искрен, мене работава ми изгледаше вака – седнале деца на Фејсбук и си играат политика. Без митинзи и масовни собири со граѓаните, без жешки говори, без одење од врата на врата (конкретно, на вратите на 40.000 избирачи), без макотрпна работа на терен 24 часа дневно, конечно без обмислена и сериозна медиумска кампања, нема успех на избори“, пишува Геровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top