| четврток, 6 декември 2018 |

МВР казни 30 вработени

полиција

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 30 решенија против 30 вработени во МВР поради сторени повреди во работењето.

МВР денеска соопшти дека на 23 вработени изречена им е мерка „парична казна”, на четворица вработени мерка „запирање на постапката“, еден вработен е писмено предупреден, еден вработен е распореден едно ниво пониско, а на еден вработен изречена му е мерка „отказ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top